<< Chapter < Page | Chapter >> Page > |
Под испитување на функција се подразбира низа од различни постапки кои се извршуваат со цел да се добијат информации за функцијата како што се: вредности за кои е дефинирана функцијата, пресечни точки на функцијата со координатните оски, дали функцијата е симетрична, дали има асимптоти, каде расте а каде опаѓа, дали има екстреми, превои. Овие испитувања беа прикажани во делот за Основни својства на функциите и сите овие испитувања водат кон добивање сознанија за особините на функцијата врз чија основа можеме да го скицираме графикот на функцијата.
Затоа постапката за испитување на функцијата , а потоа и скицирање на нејзиниот график, вообичаено се спроведува преку следниве испитувања:
1. ДЕФИНИЦИОНА ОБЛАСТ . Во зависност од обликот на функцијата се определува нејзината дефинициона област.
2. НУЛИ . Се определуваат пресечните точки на функцијата со координатните оски. Пресечните точки со оската се нарекуваат нули на функцијата и се добиваат од , односно преку решавање на равенката . Функцијта може да има една или повеќе нули, но може да нема ниту една. Освен овие нули, бидејќи ќе разгледуваме само еднозначни функции, ќе бараме и пресечна точка на функцијата со оската (доколку ја има само една е) и тоа е точката
3. СИМЕТРИЧНОСТ . Се испитува и утврдува дали функцијата е парна, непарна или е ни парна ни непарна (можен е само еден од овие три случаи). Функцијата е парна ако и графикот на функција е симетричен во однос на оската. За непарната функција важи и нејзиниот график е симетричен во однос на координатниот почеток. Кај парните и непарните функции освен што имаат симетричен график, исто така и нивната дефинициона област е симетрична. Третиот вид на функции се оние кои не се ниту парни ниту непарни и кај нив не постои симетрија ниту во графикот ниту во дефиниционата област.
4. ПЕРИОДИЧНОСТ. Доколку функцијата е периодична, се испитува колкав е нејзиниот период. Периодот е најмалиот позитивен број за кој важи .
5. АСИМПТОТИ . Постојат три вида асимптоти и тоа: вертикални, хоризонтални и коси и тие се определуваат преку гранични вредности. Вертикалните асимптоти се вертикални прави кои се во точките во кои функцијата не е дефинирана (има бескрајна вредност). Ако функцијата е дробно рационална од облик , тогаш вертикалните асимптоти се добиваат преку решавање на равенката . Хоризонталната асимптота се добива преку границата и тогаш правата е хоризонтална асимптота. Косата асимптота е од облик , каде што а . Во делот за асимптоти нагласивме дека функција може да има една или повеќе вертикални асимптоти, а хоризонталната и косата асимптота взаемно се исклучуваат (може да постои само една од нив).
6. ИСПИТУВАЊЕ СО ПРВ ИЗВОД . Се пресметува првиот извод на функцијата и се утврдуваат стационарните точки преку решавање на равенката . Со стационарните точки се раздробува дефиниционата област и се формираат интервали на монотоност преку утврдување на знакот на првиот извод на секој од овие интервали. На интервалот на кој првиот извод е позитивен функцијата расте, а ако тој е негативен функцијата опаѓа.
Notification Switch
Would you like to follow the 'Диференцијално сметање за функции од една променлива' conversation and receive update notifications?